|
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ НА БРОКЕРСКАТА КУЌА
Врз основа на член 116 од Законот за хартии од вредност (Сл. Весник бр.95/2005)
Брокерската куќа ЕУРО БРОКЕР АД Скопје е членка на Македонската берза АД Скопје и на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и овластена за тргување на Македонската берза АД Скопје (во понатамошниот текст: ЕУРО БРОКЕР)
1.ЗАЕМНИ ПРАВА И ОБВРСКИ НА БРОКЕРСКАТА КУЌА И КЛИЕНТОТ
Член 1
Општите услови за работење на брокерската куќа ЕУРО БРОКЕР АД Скопје околу обезбедувањето на услугите поврзани со хартии од вредност (во понатамошниот текст: Општи правила за работење) во суштина ги опфаќаат заемните права и обврски на Клиентот и ЕУРО БРОКЕР поврзани со извршување на следните услуги:
1.Купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот:
2.Дејствување како покровител при котација:
3.Инвестиционо советување.
Заедничките права и обврски помеѓу ЕУРО БРОКЕР и Клиентот ќе бидат дефинирани со општ договор за извршување на услуги поврзани со хартии од вредност (во понатамошниот текст: Договор), како и во полномошно за увид и резервација во сметка на Централниот Депозитар за хартии од вредност (во понатамошниот текст: Полномошно)
Член 2
Еуро Брокер и Клиентот мора да ги вклучат во договорот сите информации неопходни за извршување на услугите поврзани со хартии од вредност, законски пропишаното водење на податоци и извршувањето на обврските утврдени со договорот.
Општите услови за работење го вклучуваат фактот дека со обезбедување на податоци, опишани во претходниот став, Клиентот се согласил на консензус со Законот за заштита на лични податоци (Сл. Весник бр.07/25).
Член 3
Клиентот гарантира за точноста и веродостојноста на информациите дадени на ЕУРО БРОКЕР и се смета одговорен за штети поради издавање непотполни или лажни информации.
ЕУРО БРОКЕР го задржува правото да одбие да потпише договор доколку клиентот одбие да издаде некоја од побараните лични податоци.
Клиентот и ЕУРО БРОКЕР ќе ги сметаат сите разменети информации неопходни за извршување на услугите поврзани со хартии од вредност, а дефинирани со Општите услови за работење и горе споменатиот договор како доверливи, со исклучок на писмено барање доставено од некој надлежен орган (надлежен суд, истражен орган, Комисија за хартии од вредност, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност).
Член 4
ЕУРО БРОКЕР е обврзана да ги изврши сите услуги дефинирани во член 1 во согласност со Законите поврзани со работењето со хартии од вредност, Законите поврзани со девизното работење, Законите во полето на спречување на перење пари и останати Закони.
ЕУРО БРОКЕР ќе врши услуги поврзани со хартии од вреност со исклучително внимание на добра брокеска куќа.
Член 5
Во обезбедувањето на услуги поврзани со хартии од вредност, ЕУРО БРОКЕР се обврзува да ги штити интересите на клиентите. ЕУРО БРОКЕР се обврзува да го известува Клиентот на соодветен начин за сите познати информации за одредени хартии од вредност, нивниот издавач, тековната состојба на хартиите од вредност и сите ситуации и ризици поврзани со инвестиции во ХВ што можат да бидат релевантни за одлуките на Клиентот за вложување во ХВ.
Вложувањето во ХВ има одредено ниво на ризик бидејќи Клиентот може, заради состојби на пазарот на капитал, пазарот на пари и девизниот пазар, како и заради промените во каматните стапки, факторите како што се кредитниот рејтинг на издавачот на ХВ да оствари непланирани приходи или загуби. Такви се:
-Пазарниот ризик- е поврзан со трендовите на цените на ХВ, односно опасноста Клиентот да носи продажна одлука при пониски цени него при купување, што претставува капитална загуба за Клиентот;
-Ризикот од ликвидост- купувачот може да не биде во состојба да ги продаде ХВ во моментот кога тој/таа сака заради недостаток на средства што се движат во пазарот и тој/таа мора да ги продаде ХВ по драстично пониска цена заради истите причини;
- Промена во каматните стапки- има долгорочно влијание на цените на ХВ, посебно на обврзниците. Последните се исто така поизложени на ризик од реинвестирање на исплатените рати пред доспевање како и ризикот од валута и
-Промените во условите на пазарот- се предизвикани како од промените на законодавството, посебно во сверата на пазарот на пари и пазарот на капитал, оданочување и во сверата на меѓународното работење и меѓународното движење на капиталот.
Сите овие ризици не претставуваат изолиран случај туку делуваат заемно, но секој од нив со различен интензитет во различни временски интервали.
Од тие причини, Клиентот кој купува ХВ може да се доведе во ситуација да плати повисока цена за ХВ него цената што ја планирал пред купувањето, додека пак Продавачот на ХВ е изложен на сите претходно споменати ризици поврзани со пазарните состојби, но и од ризикот да издавачот не ги исполни обврските пропишани со позитивните законски прописи.
Цената на ХВ и вредноста на вложувањето исто така зависи од глобалните политички прилики, политичката ситуација во регионот или државата што е доведена во прашање, еколошки и природни катастрофи, војни и останати претходно неспомнати состојби.
ЕУРО БРОКЕР не го гарантира профитот на Клиентот при вложување во неговите/нејзините ХВ и не се смета за одговорна према Клиентот или према трети лица за можната директна или индиректна штета, обврската (се мисли на тужба) или загуба како последица од погрешната употреба на ХВ од страна на Клиентот со исклучок на ситуации одредени во Општите правила за работење и погоре споменатиот договор.
Член 6
ЕУРО БРОКЕР ќе го информира Клиентот за секој можен конфликт на интересите на ЕУРО БРОКЕР со интересите на Клиентот или интересите на било кој клиент на ЕУРО БРОКЕР со интересите на конкретниот клиент, притоа ЕУРО БРОКЕР нема да издава доверливи информации за други клиенти и било кои информации кои содржат деловна тајна. ЕУРО БРОКЕР ќе го организира своето работење на начин да го минимизира конфликтот на интереси помеѓу клиентите, ЕУРО БРОКЕР и вработените во ЕУРО БРОКЕР.
Во случај на конфликт на интересите на клиентот со интересите на ЕУРО БРОКЕР, ЕУРО БРОКЕР може да одбие да склучи договор или да прифати налог на клиентот.
Член 7
За дадените услуги ЕУРО БРОКЕР му наплаќа на својот клиент провизија според тарифникот за услуги со ХВ на брокерската куќа , Македонската берза и ЦДХВ.
Амандмани на тарифникот на ЕУРО БРОКЕР може да бидат донесени со Одлука донесена од страна на Одборот на директори на ЕУРО БРОКЕР. ЕУРО БРОКЕР ќе ги информира клиентите за промените на Тарифникот на начин одреден членот 8 став 2 од Општите правила за работа.
Доколку не е дефинирано во Тарифникот, провизијата за одредена услуга ќе биде дефинирана со посебен договор. Во случај ЕУРО БРОКЕР и Клиентот да се сложат за провизија, пониска од таа дефинирана во Тарифникот, истата ќе биде дефинирана во изјава која ќе биде составен дел на договорот и одобренаод страна на Извршниот директор на ЕУРО БРОКЕР.
Член 8
Пред потпишување на договорот ЕУРО БРОКЕР ќе достави копија на увид на Општите правила за работење и тарифникот на брокерската куќа. Општите правила за работа ан ЕУРО БРОКЕР како и Тарифникот на ЕУРО БРОКЕР се достапни на видно место во сите простории каде што ЕУРО БРОКЕР работи како и на веб страната.
Општите услови и амандмани на Општите правила за работа како и Тарифникот за услуги ќе бидат доставени до клиентот со нивно објавување на веб страната www.eurobroker.com.mk , преку електронска пошта доколку клиентот има оставено, како и со истакнување на промените на видно место во просториитр на ЕУРО БРОКЕР. Во случај Клиентот да не се противи пред следната трансакција, се смета дека Клиеантот се согласува со неговата содржина.
Забелешките на Клиентот, објавени во согласност со претходниот став, ќе се сметаат за писмено повлекување од договорот. Период на известување е 15 дена од приемот на писмено известување од страна на Клиентот.
Член 9
Времетраењето на договорниот однос помеѓу ЕУРО БРОКЕР и Клиентот ќе бидат усогласени и одредени во договорот.
2.БРОКЕРСКИ УСЛУГИ
Член 10
Предмет на брокерски услуги е прифаќање на налозите на Клиентот за купување и продажба на ХВ и извршувањето на тие налози.
Член 11
Пред прифаќањето на првиот налог за купување или продажба на ХВ ЕУРО БРОКЕР и Клиентот ќе склучат Општ договор за брокерски услуги (договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност), а пред тоа клиентот се идентификува.
За склучување на договорот за брокерски услуги, Клиентот е обврзан да и ги обезбеди на ЕУРО БРОКЕР следните информации за кои Клиентот гарантира за нивната автентичност и веродостојност:
1. Поднесување на оригинален, официјален и важечки документ (лична исправа или патна исправа) чие важење не е истечено или заверен препис кај нотар, кој содржи фотографија на лицето или ако е правно лице копија од судска регистрација (решение од регистар и тековна состојба не постара од шест месеци), копија од жиро сметка и картон на заверени потписи. Од документите се утврдуваат следните податоци:
-Името и презимето на Клиентот или називот на претпријатието и името и презимето на одговорното лице, доколку Клиентот е правно лице;
-Полномошно оригинал ако има ополномоштено лице за потпис на документацијата и негови важечки документи;
-Адреса односно седиште на клиентот;
-Матичен број за физичко или правно лице;
-Даночен број кај правни лица;
-Сметка во банка;
-Датум на раѓање на физичкото лице и на овластеното лице во случај кога како клиент се јавува правно лице;
-Број на документот на идентификација на физичкото лице и на овластеното лице кога како клиент се јавува правно лице;
-Органот кој го издал документот.
Доколку лицето одбие да даде било која од наведените информации од претходниот став, ЕУРО БРОКЕР го задржува правото да одбие да потпише Договор за брокерски услуги.
Клиентот може да ги менува информациите, кои тој/таа се обврзани да ги достават во согласност со овој член само доколку се идентификува тој/таа во ЕУРО БРОКЕР врз основа на писмената изјава за промената.
Прифаќање на налог на клиентот
Член 12
Налог за купување или продажба на ХВ може да биде издаден во ЕУРО БРОКЕР на следниве начини:
-лично (директно)
-електронски.
Член 13
Клиентот може да ги издаде следните видови на налози, одредени во Процедурите за тргување, према ЕУРО БРОКЕР:
Основни видови на налози:
-пазарен налог(П) – Клиентот не утврдува цена и се реализира по моментално најдобрата цена на пазарот;
-лимитиран налог(Л) – Клиентот ја утврдува прифатливата цена за купување(највисоката цена) или продавање (најниската цена).
Други видови на налози:
1. Налози со дополнителни услови за реализација
-налог со рамка(Р) – со еднократен внес на налогот во системот се овозможува купување или продавање на определена хартија од вредност по различни цени, при што се прифаќа секоја цена во рамките на ценовниот лимит даден од овластениот брокер при внес на налогот. Нереализираната количина од налогот останува во системот по цената по која е внесен налогот со рамка. Налогот со рамка може да се внесе во системот само во фазата на тргување и доколку постои спротивен налог, со подобра или иста цена во донос на цената утврдена во налогот со рамка, Употребата на други дополнителни или специјални услови при внес на налогот со рамка не е дозволена и
-налог со рамка со отстранување на нереализираната количина(Ф) – со еднократен внес на налогот во системот се овозможува купување или продавање на определена хартија од вредност по различни цени, при што се прифаќа секоја цена во рамките на ценовниот лимит даден од овластениот брокер при внес на налогот. Нереализираната количина од налогот автоматски се отстранува од системот. Налог со рамка со отстранување на нереализираната количина може да се внесе во системот само во фазата на тргување и доколку постои спротивен налог на пазарот, со подобра или иста цена во однос на цената утврдена со налогот со рамка. Употребата на други дополнителни или специјални услови при внес на налогот со рамка со отстранување на нереализираната количина не е дозволена.
2. Налози со дополнителни услови за рокот на важност
-дневен налог(Д) – кој е валиден само на денот кога е внесен во БЕСТ системот;
-отворен налог(О) – кој важи од моментот на внес во системот додека не се реализира или додека не се отстрани од страна на членката на берзата. Отворениот налог важи најмногу 180 календарски дена од денот на внес во системот, односно од последната промена на налогот.
-налог со важност до одреден датум(Ф) – е валиден од моментот на внес до неговиот одреден датум.
3. Налози со специјални услови за реализација на количината
-се или ништо(СН) – кој може да се истргува доколку се реализира целокупната количина на хартиите од вредност на која гласи налогот.
Член 14
Врз основа на информациите дефинирани во член 5 и 6 од Општите правила за работење Клиентот независно ги прифаќа ризиците и одлуките поврзани со трансакции со ХВ.
ЕУРО БРОКЕР не прифаќа одговорност за последиците од одлуките на Клиентот.
Член 15
Со налозите за купување на ХВ Клиентот мора најкасно до ден пред порамнување на трансакцијата да обезбеди парични средства во висина од 100% од вредноста на купување на ХВ и трошоците поврзани со извршувањето на налогот на сметка на ЕУРО БРОКЕР 100000000070176 отворена во НБРМ (во понатамошниот текст: клиентска сметка), со исклучок доколку ЕУРО БРОКЕР и Клиентот се договорат на друг начин.
Налогот од став 1 од овој член ќе биде извршен откако ЕУРО БРОКЕР провери на релевантен начин дека Клиентот има извршено трансфер на средства за купување на ХВ на сметка на ЕУРО БРОКЕР. Во случај да вредноста на трансакцијата биде поголема од однапред уплатена вредност, Клиентот ќе изврши префрлање на разликата најкасно до ден пред порамнувањето на трансакцијата.
Член 16
Паричните средства на Клиентот дадени на брокерската куќа за купување на хартии од вредност или паричните средства добиени со продажба на хартии од вредност, брокерската куќа ги чува на посебна сметка отворена за таа намена.
Член 17
Во случај на новонастаната состојба на Македонската берза што подразбира променета понуда на целна хартија од вредност или на цената на целната хартија од вредност како и во случај на одлука на Клиентот да промени одреден услов дефиниран во налогот за купување/продавање на одредена хартија од вредност, Клиентот е должен да се појави во просториите на ЕУРО БРОКЕР каде го има издадено налогот и да потпише нов налог со новодефинирани услови или да го повлече налогот. Во спротивно, налогот важи согласно првично утврдените услови.
Во тој случај, Клиентот може да изврши промена на налог со промена на количината на хартии од вредност кои ги продава или купува како и промена на цената која е спремен да ја плати или по која е спремен да продаде целна хартија од вредост. Во тој случај да Клиентот одлучи целосно да се повлече од продажба ли купување на целна хартија од вредност, Клиентот е должен да се појави во просториите на ЕУРО БРОКЕР каде го има издадено налогот и да изврши повлекување на налогот (и соодветно на тарифата на ЕУРО БРОКЕР да плати одреден надомест за неизвршување на даден налог ако не е поинаку договорено со клиентот).
Член 18
При продажба на ХВ, Клиентот со потпишување на полномошното за увид и резервација во ЦДХВ ја овластува брокерската куќа да ги резервира целните хартии од вредност за продажба и со тоа гарантира дека ги има и се во негова сопственост, додека пак со потпишување на продажниот налог Клиентот ги утврдува условите под кои сака да му се изврши продажба на целните хартии од вредност (исклучок е електронското тргување каде што на Клиентот му се резервираат сите хартии од вредност што ги поседува освен ако не е поинаку договорено) . Брокерската куќа ги уплаќа паричните средства добиени од продажба на ХВ, исклучително во име и за сметка на клиентот во рок од еден работен ден по приемот на еден работен ден по приемот на паричните средства од продажбата, освен ако не е поинаку договорено.
Паричните средства на посебната сметка од ставот 1 на овој член можат да се употребат само во согласност со инструкциите на клиентот.
Брокерската куќа не смее да ги користи паричните средства на еден клиент за сметка на друг клиент.
Потврда за прием на налог
Член 19
ЕУРО БРОКЕР ќе издаде на Клиентот потврда за прием на налог истиот ден по приемот, промената, поништувањето на налогот во согласност со Процедурите за тргување.
Извршување на налог на клиент
Член 20
ЕУРО БРОКЕР го извршува куповниот или продажниот налог на клиентот за ХВ веднаш штом условите на пазарот дозволуваат негово извршување.
Налозите се извршуваат во согласност со приоритетот во книгата на налози.
Исполнување на обврските кои произлегуваат од налогот
Член 21
ЕУРО БРОКЕР е должен да му достави на Клиентот извештај за склучување и порамнување на секоја трансакција со ХВ во рок од два дена по денот на порамнувањето по желба на клиентот: лично на рака, по e-mail или по пошта.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 22
За сите евентуални спорови, страните се согласни да ги решаваат спогодбено. Доколку не се постигне договор, надлежен е Основен суд Скопје 1.
Датум: 02.09.2010
ЕУРО БРОКЕР АД СКОПЈЕ
|