|
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш |
|
ААА |
|
Најдобар кредитен рејтинг (воглавно за државните обврзници), како индикатор за најдобар квалитет според оценката на Moody's и Standard and Poor's, двете водечки агенции за утврдување на кредитниот рејтинг во САД. За емитентот оценет со ААА се смета дека е најмалку можно да не ја исплати главнината и каматите. |
|
Аверзија кон ризик |
(Risk Aversion) |
Степен до кој клиентот е подготвен да прифати ризик. |
|
Адекватност на капиталот |
(Capital adequacy) |
Критериум со кој се регулира големината на капиталот на друштвата кои вршат работи со хартии од вредност. |
|
Актива,Средства |
(Assets) |
С# она што е во сопственост на друштвото и она што друштвото го има како побарување. Паричните средства, вложувањата во хартии од вредност, паричните побарувања, суровините и акциите се тековни средства. Градежните објекти, опремата и земјиштето се основни средства. Патентите и goodwill-от на друштвото се т.н. невидливи средства. |
|
Акција |
(Share) |
Сопственичка хартија од вредност која гласи на дел од основната главнина на акционерското друштво. Таа е пренослива хартија од вредност. |
|
Акција без право на глас |
(Non-voting stock) |
Акции кои на сопственикот не му даваат право да гласа за деловните одлуки на друштвото или при изборот на директори. |
|
Акционер |
(Shareholder) |
Лицето кое е сопственик на акциите. Сопственик се станува со запишување и уплата на износот по кој акцијата се продава. |
|
Акционерски капитал |
(Share capital) |
Вкупниот број акции одобрени за издавање или веќе издадени од страна на едно друштво. Види уплатен капитал. |
|
Акционерско друштво |
(Joint stock company) |
Друштво чиј основачки капитал е поделен на акции кои ги запишуваат и уплаќаат одделни акционери. |
|
Акциска премија |
(Share premium) |
Разликата меѓу цената по која се продаваат акциите при издавањето (доколку е таа повисока) и номиналната вредност на акциите. |
|
Американски потврди за депозит |
(American depository receipts -ADR) |
Потврди кои ги издаваат американските банки за да се олесни тргувањето со странски обврзници и акции во САД. Сопственикот на ваква потврда го задржува правото на сите дивиденди и капитални добивки што произлегуваат од определените хартии од вредност. |
|
Амортизација |
(Depreciation) |
Намалување на книговодствената вредност на основното средство за време на неговата употреба или опаѓање на пазарната вредност на една валута. |
|
Ангажиран капитал |
(Capital employed) |
Капиталот кој што се користи во работењето. Може да се однесува на нето активата, но често ги вклучува земените кредити и пречекорувања на сметките во банка. |
|
Арбитража |
(Arbitrage) |
Купување и продавање на хартии од вредност на различни пазари за да се оствари профит од разликите во пазарните цени. |